По перформансот што Кристијано Роналдо го покажа во вторникот против Атлетико Мадрид во осминафиналето на ЛШ кога постигна хет-трик и сам ги елиминира противниците фудбалскиот свет повторно му се поклонува на Португалецот.
Познати се квалитетите на популарниот CR7, но еве неколку занимливости поврзани со него кои ги знаат само неговите најверни фанови:
– На 14 години го исфрлиле од основно училиште затоа што ја гаѓал учителката со столица
– Нема тетоважи на телото и секои три месеци дарува крв
– Не пие алкохол, за разлика од неговиот татко кој бил тежок алкохоличар (починал во 2005 година како последица од алкохолизмот)
– Донираше еден милион евра во хуманитарни цели
– Како мал имал операција на срцето поради која малку недостасувало да биде неспособен за фудбал
– Неговиот прекар е „плачко“ затоа што додека бил дете се расплакувал кога ќе промашел гол
– Тоа Роналдо на името Кристијано му било по екс-претседателот на САД, Роналд Реган, оти татко му го обожувал државникот
– Во англискиот тим Бирмингем не сакале да го ангажираат затоа што сметале дека нема квалитет кај него