Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Ешли (34) е нов капитен на „Црвените ѓаволи“, јавуваат британските медиуми.
Јанг ќе го замени досегашниот капитен Антонио Валенсија кој го напушти тимот од „Олд Трафорд“ и се врати во ЛДД Квито, во родниот Еквадор.
Мадиумите на Островот типуваа на Немања Матиќ дека ќе има можност во новата сезона да ја носи капитенската лента, но Србинот не ја доби довербата на менаџерот Оле Гунар Солскјер.
На синоќешниот пријателски меч против Милан, капитен на Јунајтед беше голманот Давид де Хеа.
„Давид е исто така во конкуренција, но Ешли ќе ја носи лентата кога ќе биде во игра. Секогаш кога ќе стартува меч, лентата ќе биде на неговата рака“ – порача Солскјер.
Еден од кандидатите за капитен на „ѓаволите“ беше и Пол Погба, но тој синоќа во Кардиф не настапи против „Росонерите“.