Top Sport

Де Лаурентис ги продава водачите на бунтот – Алан и Кулибали!

Фудбалерите на Наполи по поразот од 2-1 од Рома минатиот викенд, според одлуката на претседателот Аурелио Де Лаурентис, требаше да останат во карантин цели 7 дена, но некои се побунија, и не ја испочитуваа одлуката.

Сега ќе следуваат казни.

„Клубот ја известува јавноста за своите постапки против некои играчи поврзано со нивното однесување на натпреварот. Ќе ги преземеме потребните чекори за да ги заштитиме интересите на клубот, а ќе ги казниме оние кои заслужуваат. Од овој момент владее ‘silenzio stampa’“ стоеше ви соопштението од Наполи.

Одлуката е следна:

На трансфер листа одат Алан и Калиду Кулибали, а нема да им бидат продолжени договорите и на Каљехон, односно Мертенс, пишува „Тутомеркато“.

Според последните информации, Алан бил водач на побуната, а останатите играчи тргнале по Бразилецот и го напуштиле хотелот каде биле сместени.

Дури и Лоренцо Инсиње би можел да остане без капитенската лента, а ниту Карло Анчелоти не е сигурен на тренерското столче.

Едно е сигурно. По денешниот тренинг, играчите ќе останат во карантин пред утрешниот натпревар со Џенова.

Scroll to Top