Јануарскиот преоден рок не е ни започнат, а веќе почнаа фудбалски сапуници. Со недели се шпекулира дека Реал Мадрид се обидува на сите можни начини да го доведе Французинот на „Бернебеу“.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо им порача на „Кралевите“ дека се досадни и иритантни со убедувањето на нивните играчи.

Сепак, се чини дека до најавениот трансфер би можело да дојде, ако не во јануари, тогаш со голема веројатност во јуни идната година.

Француски „Le Parisien” пишува дека иако Мбапе има договор со „светците“ до 2022 година, Реал за него подготви 300 милиони евра. Во случај уште некоја екипа да се обиде да го доведе младиот француски голгетер, тогаш отштетата би можела да стигне дури и до 400 милиони евра, што е околу 180 милиони повеќе од најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, оној на Нејмар од Барса во ПСЖ.

Сепак, фарнцускиот шампион ќе стори се за Мбапе да го задржи на „Паркот на принцовите“. Му нудат неделна плата иста како на Нејмар – 700.000 евра неделно, нешто помалку од 37 милиони евра годишно.