Пред три дена започна новата 46-та Копа Америка која годинава се одржува во Бразил, но организаторите и јавноста се соочуваат со неочекуван проблем – слаба посета на стадионите.
Воведниот меч на кој Бразил со 3-0 ја порази Боливија го следеа 46.000 луѓе, а во слободна продажба останале околу 20.000 влезници во „најфудбалската“ земја во светот.
Вчерашниот меч меѓу Катар и Парагвај се одигра на популарната „Маракана“ која собира 74.000 навивачи. Мечот во живо го следеа само 19.000 фудбалски вљубеници. Да биде парадоксот уште поголем, дури 4.000 од тие 19.000 гледачи беа деца кои добија бесплатни влезници по училиштата во Бразил.
Attendance comparison at the Copa America vs the Women’s World Cup. Still nattering on about how women don’t bring in the numbers? #CANNZL pic.twitter.com/ckIi9zZN5A
— Unusual Efforts (@UnusualEfforts) June 15, 2019
Венецуела и Перу, односно Уругвај и Еквадор ги гледаа по 13.000 луѓе, додека поголема посета имаше на мечот Аргентина – Колумбија, 35.000 гледачи.
Претседателот на Конмнебол, Алехандро Домингез признава дека ова е неочекувано.
„Очекувавме и посакувавме повеќе луѓе во земјата која живее за фудбалот. Ова е навистина загрижувачки и ве уверувам дека проблемот не е во организацијата“ – вели тој.
Уверлив аргумент за слабата посета е цената на влезниците. Најефтините влезници за мечот Бразил – Боливија чинеле 151 долар, што е повеќе од половина од бразилската минимална плата.
Влезниците за финалето ќе чината цела бразилска минимална плата, 228 долари.
Нов аргумент за слабата посета е и фактот што за 5 години во Бразил ова е трето големо натпреварување – Светско првенство, Олимписки игри и сега Копа Америка.