Фудбалерите на лондонки Челси се повеќе тонат на премиерлигашката табела, така што во последните 4 кола, само еднаш победија, а трипати беа поразени.

Последните три порази на лондонскиот клуб се без постигнат гол, а посебно е болен оној од Манчестер Сити со 6-0. Претходно Борнмут ги совлада „сините“ со 4-0, а Арсенал триумфираше во лондонското дерби со 2-0.

Фотелјата на тренерот Сари се ниша, а според најновите информации, тој има 1 месец (февруари) да го врати тимот на вистинските патеки, или ќе му следува отказ.

Шпански „Ас“ пишува дека Маурицио Сари ја „изгуби соблекувалната“, додека италијански „Football Italia“ смета дека тренерот на клубот нема поткрепа од „големите имиња“ во Челси и дека со дел од нив нема шанса да има подобрување во комуникацијата.

„Играчите не ги разбираат методите на Италијанецот, не се чувствуваат удобно, и сето тоа се одразува на тревникот“ – пишува медиумот.
https://www.football-italia.net/134562/sarri-loses-chelsea-dressing-room