Top Sport

Делириум во Аргентина, Марадона е нов тренер на Гимназија Ла Плата (видео)

Поранешната фудбалска ѕвезда на Аргентина, Диего Армандо Марадна беше претставен како тренер на аргентинскиот фудбалски клуб, Гимназија Ла Плата. Илјадници навивачи на клубот познат под прекарот „волци“ го дочекаа Марадона на стадионот.

Капитенот на аргентинската фудбалска селекција кој го подигна пехарот на СП во 1986 година на теренот излезе поминувајќи низ „волчја уста“, по што на центарот на играчиштето им се придружи на играчите.

Марадона, кој до неодамна живееше во Мексико, даде отказ во клубот Дорадос по операцијата на коленото.

Ова ќе биде шести ангажман во тренерската кариера на Марадона.

Scroll to Top