Top Sport

Просинечки „го пишманија“, останува селектор на БиХ

Хрватскиот тренер, Роберт Просинечки поднесе оставка во неделата по катастрофалниот пораз на селекцијата на БиХ од Ерменија во Ереван со 4-2. Тој по враќањето во Сараево само потврди дека веќе нема да биде селектор, но Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на БиХ на денешната вонредна седница ја одби неговата оставка.

„Морално е да се поднесе оставка, но по денешната седница, разговорите и поддршката која ја добив, одлучив да го завршам овој квалификациски циклус. Се обидувам да останам на своите одлуки кога ќе ги донесам, но поради луѓето од Сојузот, решив да останам. Имаме шанси за пласман на ЕУРО 2020 и низ кваификациите, но и низ баражот“ рече Просинечки.

Репрезентацијата на БиХ со поразот кај Ерменија остана на 5 бода заостанување од второпласираната селекција на Финска, но со освојувањето на групата во Лигата на нации, осигура најмалку дополнителни квалификации.

Во октомвриските мечеви Бих на домашен терен ќе игра против Финска, а потоа нагости кај Грција. Во ноември ги чека домашниот меч против Италија и гостување кај Лихтенштајн.

На Европското првенство одат првопласираните две селекции во групата.

Scroll to Top