Top Sport

Дешамп не смета на Лаказет, Бен Једер и Бакајоко во составот на „петлите“

Францускиот фудбалски селектор, Дидиер Дешамп го објави списокот на фудбалери кои ќе ги играат претстојните квалификации за ЕП 2020. година. Светските шампиони првиот предизвик ќе го имаат против селекциите на Молдавија и Исланд.

Фудбалската јавност во Франција е поделена кога станува збор за списокот со фудбалери на кои Дешамп ќе смета за евро-квалификациите.

Во составот со многу звучни имиња од силни клубови немаше место за фудбалерот на Милан, Бакајоко, а место меѓу „галските петли“ има за бекот на Барселона, Клемен Легле.

Сепак најголема бура во Франција се крена поради изоставувањето на играчот на Арсенал, Лаказет и голгетерот на Севилја, Бен Једер.

Еве го списокот со играчи:

Scroll to Top