Top Sport

Лудница во Кина за Мундобаскетот уште отсега, жрепката ќе ја следат 8.000 гледачи

Фактот дека најдобрите светски кошаркари ќе се борат за трофејот во најнаселената земја во светот, Кина, уште отсега донесе незапамтен интерес. Жрепката за Мундобаскетот кој ќе се одржи од 31 август до 15 септември годинава ќе биде задутре.

На сајтот на ФИБА потврдено е дека на жрепката во салата „Шенжен Беј Арена“ ќе има 8.000 глеедачи, а церемонијата ќе ја водат Коби Брајант и Јао Минг.

Кина ќе биде домаќин на најдобрите 32 светски репрезентации во 8 градови, во исто толку групи распоредени со по 4 селекции.

„Во воздухот се чувствува големото возбудување и сите нетрпеливо очекуваат да видат како ќе излезе овој Светски куп. Со продажбата на сите карти за жрепката завршивме огромна работа и се надеваме дека на навивачите ќе им приредиме вистинско кошаркарско возбудување“ – изјави Орацио Мураторе, претседателот на ФИБА.

Scroll to Top