Екс-селекторот на Србија, холандскиот тренер, Дик Адвокат е сериозен кандидат да ја преземе клупата на Феенорд по заминувањето на Јап Стам.
Адвокат призна дека челниците на клубот од Ротердам го контактирале веднаш по оставката на Стам кому му „пресуди“ поразот од Ајакс (4-0).
Искусниот 72-годишен стратег моментно е без ангажман, откако на крајот на минатата сезона ја напушти клупата на Утрехт.
„Многу ми е тешко да лажам, точно е дека Феенорд е заинтересиран. Клубот ќе донесе одлука и тоа ќе биде соопштено“ – им рекол Адвокат на холандските медиуми.
Тој пред 3 години работеше во Феенорд како советник на тогашниот тренер Џовани ван Бронхорст.
Холандскиот стручњак на клупата на селекцијата на Србија се задржа само 4 месеци. Ја напушти функцијата по очајниот старт во квалификациите за ЕУРО 2016.
Во кариерата водеше голем број репрезентации и клубови – Холандија, Белгија, Русија, потоа ПСВ Ајндховен, Глазгов Ренџерс, Зенир, Фенербахче.