Најдобриот европски кошаркар на сите времиња, како што го најавуваат во САД, Германецот Дирк Новицки (40) моментно ја игра 21-та сезона во најсилната светска кошаркарска лига. Сепак не планира тука да застане, барем засега не најавил пензија, туку стигна ново признание за него.
Организаторите на годинешниот Ол стар викенд во НБА го поканиле Германецот да учествува во натпреварот во шутирање тројки. Доколку Новицки го прифати предизвикот, тоа би значело дека и самиот сфаќа дека крајот на неговата кошаркарска кариера е блиску.
Новицки, кој настапува за Далас Маверикс сезонава игра во просек по околу 10-тина минути на меч.
Според статистичките податоци, тој е најдобриот европски кошаркар во историјата на НБА пред се поради освојувањето на МВП наградата во 2007 година, како и поради освојувањето на титулата во 2011 година кога ги предводеше Маверикси против Мајами со Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Крис Бош.
Германецот во неговата НБА-кариера има постигнато 31.247 поени што го прави 7-ми стрелец во историјата на лигата.
Доколку го прифати предизвикот, Новицки тројки ќе шутира на 16. идниот месец, на Ол стар викендот кој ќе се одрѓи од 15 до 17 февруари.