Top Sport

„Кралот“ се врати – Конор го „здроби“ Серон за само 40 секунди! (видео)

Конор Мекгрегор се врати во октагонот со стил, откако на УФЦ 246 во Лас Вегас му беа потребни само 40 секунди да обезбеди технички нокаут над Доналд „Каубој“ Серон и да најави дека „кралот“ се враќа на врвот.

Во првиот меч за „Ноториус“ по поразот во четири рунди од Хабиб Нурмагомедов пред 15 месеци, Ирецот се соочи со УФЦ легендата Серон, и веднаш на стартот, Мекгрегор се обиде да го погоди противникот со левицата, по што двајцата влегоа во клинч, а Мекгрегор со рамото му го скрши носот на Серон.

Серон очигледно беше во дефанзива, а Мекгрегор „намириса крв“ и со низа удари предизвика судијата Херб Дин да го прекине мечот по само 40 секунди.

Со оваа победа, Мекгрегор си „отвори“ многу врати, од која една опција е дуел со Хорхе Масвидал кој беше во првиот ред во „Т-Мобиле арената“, како и долгоочекуваниот ри-меч против Хабиб.

Scroll to Top