Top Sport

Екс-НБА играч се сели во УФЦ, ќе се бори за појасот во тешка категорија (фото)

Екс-НБА играчот Ројс Вајт заврши со кошарката, па тргна да тренира боречки спортови, а американските медиуми информираат дека конечна цел му е да стане ММА борец.

Екс-кошаркарот висок над 200 сантиметри и тежок над 120 килограми беше прв пик на драфтотза Хјустон Рокетс.

Вајт деновиве ја издаде книгата „ММА x НБА, Критика на модерниот спорт во Америка“ во која го прецизира својот тренажен процес и обидот да стане ММА борец.

„Доаѓам за да го освојам УФЦ – појасот во тешка категорија“ – изјавил Вајт.

Scroll to Top