Top Sport

Вардар отиде со младинци кај Нексе, се враќа со „42 парчиња“ во мрежа

Македонскиот и европски ракометен шампион, Вардар со вториот тим отиде во Нашице, на гостувањето кај тимот на Нексе во последното годинешно коло во регионалната СЕХА лига, но оттаму се враќа со полна мрежа голови.

Нексе славеше убедлив триумф од 42-26.

„Црвено-црните“ ракометари во првото полувреме даваа пристоен отпор, на паузата се отиде со резултат 18-14 за домашната екипа.

Во вториот дел тотален потоп на Вардар. Во вторите 30 минути Нексе постигна 24 гола, а Вардар само 12.

Најпрецизен во хрватската екипа беше Марио Томиќ со 8 гола, а Томислав Северец прецизно стрелаше шестпати.

Кај Вардар Дејан Кукуловски мечот го заврши со 7 реализации, а Ален Ќосевски и Мартин Карапалевски постигнаа по 4 гола.

Scroll to Top