Top Sport

„Емилијано ќе се каеш ако не дојдеш во Премиерлигата“ му рекол менаџерот на Сала (фото)

Фудбалскиот менаџер, Англичанецот Вили МекКи дал големо интервју за француски „L’Equipe“ во кое објаснува како дошло до трансферот на Аргентинецот Емилијано Сала од Нант во Кардиф.

МекКи на француските медиуми им рекол дека последните 8 денови преживува ноќни мори затоа што се чувствува виновен што пилотот Давид Хендерсон кобниот лет му го понудил на колегата Дејвид Иботсон.

МекКи ги раскажал деталите за трансферот на Сала во Кардиф и на новинарите им го покажал мејлот што му го пратил на фудбалерот за да го наговори да се пресели во Велс.

Англичанецот не му бил менаџер на Сала, но му се понудил како посредик за трансферот вреден 17 милиони евра.
Еве дел од мејлот од менаџерот за фудбалерот:

„Емилијано,

Јас сум Вили МекКи. Нас не не интересираат твоите лични работи, ние работиме само трансфери. До денеска имаме реализирано повеќе од 600, од Дрогба, до Анелка. Разговаравме со сите клубови, Манчестер, Челси, Ливерпул и мислиме дека ти би можел да завршиш во еден од нив…

Парите се тоа што ги интересира ( клубовите), а да бидеме реални, парите не интересираат и нас. Затоа сакаме да работиме со клубовите. Нема емоција, само бизнис. На некои клубови не „им лежи“ поради години, стил на игра, искуство. Добивме понуда само од Кардиф, чиј тренер се заљуби во тебе. Тој те гледа како типичен напаѓач за Премиерлигата, како Дрогба или Алан Ширер. По моето искуство, ако сега не се обидеш во Премиеригата, ќе се каеш…“ – се вели меѓудругото во мејлот што менаџерот му го испратил на несреќниот фудбалер.

Scroll to Top