Top Sport

Емотивни сцени во Мадрид, Морено заплака и се прости со починатиот Рејес (видео)

Фудбалерот на Ливерпул, Шпанецот Алберто Морено по синоќешната победа над Тотенхем во финалето на ЛШ во Мадрид му оддаде почит на неговиот пријател, прерано починатиот фудбалер, Хозе Антонио Рејес.

Морено по мечот го симна неговиот дрес и ја покажа маицата со натпис „Те сакам брат“ на која имаше заедничка фотографија со Рејес.

Тие двајца заедно играа во дресот на Севилја цели две години.

Животот на Рејес згасна во 35 година на патот што води од неговиот роден град Утрера кон Севилја.

Scroll to Top