Top Sport

Ракометна 2018 беше година на Микел Хансен и Кристина Неагу (видео)

Данскиот ракометен виртуоз, Микел Хансен и романската „снајперистка“ Кристина Неагу се лауреатите на Светската ракометна федерација (ИХФ) за 2018 година.

Данецот со одличните настапи за својот ПСЖ и со лидерството во данската ракометна репрезентација по третпат го освои престижното признание со што се израмни со францускиот ас, Никола Карабатиќ.

Неговата романска колешка, пак, по четвртипат беше прогласена за најдобра ракометарка во светот. Неагу ласкавото признание го понесе и во 2010, 2015 и во 2016 година.

Scroll to Top