Шпанскиот тенисер, Фелисијано Лопез ќе биде прв во историјата кој учествувал на 73 грен слем тениски турнири. Лопез, своевремено деветти на АТП листата, првпат на турнир од „Големата четворка“ се појави на Ролан Гарос во 2001 година.
Негов противник во првото коло му беше Карлос Моја.
Лопез ќе учествува на претстојниот Австралија Опен по 18-ти пат. Нема пропуштено ниту еден турнир се од 2003 година.
Во двојки има стигнато до четвртфинале, а во сингл до осминафинале.
Сезонава Лопез турнирот во Австралија ќе го започне со мечот против деветтиот носител, Роберто Баутиста-Агут.