Top Sport

Тајсон Фјури од борбата со Вајлдлер ќе искешира 20 милиони фунти (фото)

Бокс мечот меѓу Тајсон Фјури и Донтеј Вајлдлер ќе се одржи во Њујорк, на 18 мај годинава, а Фјури од овој меч ќе инкасира неверојатни 20 милиони фунти.

Првиот дуел меѓу двајцата боксери заврши со контроверзно реми, а Флојд Мејведер беше згрозен од резултатот.
Фјури по нерешениот меч инсистираше хонорарот од 7 милиони фунти да го подари во добротворни цели.

„Јас го правам тоа да удирам луѓе, не сакам надокнада за тоа и не сакам за тоа да се зборува за мене како добротвор“ – рече Фјури во декември.

Тој рече дека Вајлдлер и неговиот тим го потцениле.

„Тие мислат дека јас доаѓам само за да соберам некоја фунта“ – вели тој.

Победникот од нивниот римеч, според непотврдените информации, ќе има можност да се бори за ВБА, ИБФ и ВБО шампионот во тешка категорија, Ентони Џошуа.

Џошуа во својот претходен меч го совлада Русинот Александар Поветкин со нокаут во седмата рунда.

Scroll to Top