Една од најубавите светски фудбалерки, Американката Алекс Морган напорно тренира иако веќе е во седмиот месец од бременоста.
Олимписката и светска шампионка со селекцијата на САД сака уште еден медал, и тоа од ОИ во Токио, поради што не се откажува од подготовките дури и во „блажена состојба“.
Морган планира да заигра во Токио, само 4 месеци по планираното породување, иако во САД практика е фудбалерките да паузираат најмалку 12 месеци по породувањето.