Вторпат за точно 4 месеци на Манчестер Сити му е поништен гол за победа во самиот финиш од мечот, и тоа и двапати против Тотенхем.
Првиот пат се случи на 17 април во реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампиони кога голот на Рахим Стерлинг за победа и влез во полуфинале не беше признат по асистенција на видео-технологијата.
Вторпат, денеска кога Габриел Хесус даде гол за победа од 3-2 во 92 минута во прво коло од Премиерлигата, и повторно ВАР интервенираше. Мечот заврши 2-2.
Сето тоа го разбесни бразилскиот голгетер и по завршувањето на денешниот меч на главниот судија, Мајкл Оливер му рече: „ВАР е ср.ње!“
Не е исклучено ФА да поведе истрага затоа што постои видео-доказ, па Бразилецот би можел да биде казнет за зборовите.
? 17 April
? @ChampionsLeague
❌ Raheem @Sterling7's goal is disallowed by VAR against @SpursOfficial.? 17 August
? @PremierLeague
❌ @GabrielJesus33's goal is disallowed by VAR against @SpursOfficial.? History repeats itself. pic.twitter.com/P4Pb2cz5QD
— SPORF (@Sporf) August 17, 2019