„Кога играч ќе направи одреден избор, тешко да го убедиш во спротивото. Да се прашувам јас, би го заклучил кај мене во куќа и ќе му давам храна на секои 2-3 часа, за жал не моам тоа да го направам“.
Ова го изјави вчера тренерот на Милан, Џенаро Гатузо во врска со најавите дека голгетерот на „Росонерите“, Гонзало Игуаин би можел да го напушти „Сан Сиро“ и да го засили лондонски Челси каде тренер е неговиот екс-стратег во Наполи, Маурицио Сари.
По мечот со Сампдорија во Купот на Италија Гатузо рече дека Игуаин веќе донел одлука.
„Имаме искрен однос, си ги кажуваме работите в лице, постои голема искреност. Кога играч ќе донесе одлука, станува тешко да го убедите. Во овој момент тој е играч на Милан. Не знам што ќе се случи. Тешко е да се даде совет затоа што кариерата на играчите трае 13-14 години, тоа е негов ум, не е мој. Не разбирам од што е незадоволен“ – вели Гатузо.
Јувентус летоска го позајми Игуаин во Милан за 18 милиони евра со опција „Росонерите“ да го откупат од „Старата дама“ за 36 милиони евра.