По Пакета и Пјонтек, Милан не планира да запре со засилувањето на екипата. На лето носи ново звучно засилување, пишуваат медиумите на „Чизмата“.
„Росонерите“ сакаат идната сезона да бидат конкурентни за трофејот во Серија А, па поради ќе се обидат да дојдат до потписот на Велшанецот, Герет Бејл од Реал Мадрид.
Медиумите во Шпанија пишуваат дека Бејл летово може да го напушти Мадрид ако се најде клуб кој ќе плати 100 милиони евра за него.
Интерес за Бејл покажуваат и Челси односно Манчестер јунајтед, па летово ќе неизвесно.