Најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати. Шоковиќ синоќа го победи Фарнцузинот Лука Пуј со 2-0 (7-6 и 6-1), па сега го чека пресметката со рускиот тенисер Данил Медведев кој го совлада сонародникот Андреј Рубљов со 2-0 (6-2 и 6-3).
Во паузата меѓу петтиот и шестиот гем во вториот сет, при резултат 4-1 за Ѓоковиќ, Србинот од масерот побара масажа на мускулот над десниот лакт, но сепак не се реши да побара медициски тајм-аут.
По завршувањето на мечот, Новак признал дека имал нелагоднот, но вели дека не е ништо сериозно.
„Почувствував затегнување, посебно при сервисот, но успеав да го завршам мечот. Болката и понатаму е тука, се надевам дека ќе ја снема до утре“ – рече Ѓоковиќ.
За наредниот негов противник, српскиот ас вели дека е свесен што го очекува. Против Русинот има скор 3-1 во победи.
„Играше финале во Вашингтон и Монтреал, овде не загуби ниту сет. Кога ќе победите во многу мечеви, добивате самодоверба. Не греши многу, одлично се движи, има јак сервис, ќе биде тоа голем предизвик за мене“ – истакна Ѓоковиќ.