Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ пред почетокот на Мастерсот во Париз изјави дека е во психолошка предност пред ривалите. Ѓоковиќ има 16 гренд слем трофеи, четири помалку од Федерер, а три од Надал.
„Чувствувам дека имам ментална предност пред Надал и Федерер, така е пред почетокот на мечот, не во текот на натпреварот. Кога играте, се концентрирате на секој следен поен, но пред мечот, чувствувам предност“ – рече Ѓоковиќ.
Србинот во дуелите со Федерер има скор 26-22, а со Надал 28-26.
Запрашан за евентуалното повлекување од тенисот, српскиот ас смета дека се уште не е во тој процес и дека и понатаму има силни мотиви.
„Искрено, не сум обврзан да играм. Уште утре би можел рекетот да го закачам на клин, ако тоа го сакам. Сепак среќен сум што се уште играм, и понатаму сум многу мотивиран и подготвен за нови победи во овој преубав спорт“ – вели тој.