Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пораз го започна учеството нa егзибиците во Светската тениска лига во Дубаи. Тој загуби од Александар Зверев со 6:3, 6:4 во гемови, по еден час и шест минути игра.
„Соколите“ на Ѓоковиќ беа поразени од „јастребите“ со вкупен резултат 35:27, бидејќи ривалите поради триумфот добија дополнителни пет бода.
Форматот е таков што се бројат мечевите собрани во три натпревари – мешани двојки, женски и машки сингл.
Во мешани двојки, во првиот денешен меч Димитров и Бадоша ги совладаа Тим и Пављученкова со 5:7, 6:3, 10:4. Веднаш потоа, Рибакина со пресврт ја совлада Сабаленка со 0:6, 6:1, 10:6.
Екипите ќе играат еден против друг секој ден, прво во мешани двојки, потоа во женски и на крајот во машки сингл. Двете најдобропласирани екипи ќе се борат за титулата во финалната пресметка закажана за 24 декември.
За „соколите“ настапува Новак Ѓоковиќ, а во неговиот тим се уште: Григор Димитров, Арина Сабаленка и Паула Бадоса. За орлите играат: Ник Кирјос, Каролин Гарсија, Рохан Бопана, Бјанка Андреска и Андреас Сепи, а за „јастребите“: Александар Зверев, Јелена Рибакина, Доминик Тим и Анет Контавеит или Анастасија Пављученкова, а за „змејовите“ Феликс Оже Алијасим, Ига Швојнтек, Холгер Руне, Сања Мирза и Еужени Бушар.