Францускиот фудбалер Лукас Ернандес нема да му биде на располагање на тренерот Нико Ковач во минхенски Баерн во наредниот период поради повреда на зглобот која ја заработи синоќа во Пиреја, на меч од ЛШ против Олимпијакос.
Лукас го напушти мечот, кој неговиот тим го доби со 3-2, во 58 минута, а од клубот прецизно не открија за колку тешка повреда се работи и колку фудбалерот ќе отсуствува од терените.
Инаку, Лукас Ернандес летоска се пресели во Минхен, од редовите на Атлетико Мадрид за трансфер од 80 милиони евра. Сезонава има 9 настапи за баварскиот клуб, 6 во Бундеслигата, 2 во ЛШ и еден во Купот на Германија.
Проблеми со повреди имаат и Чави Мартинец и Сержи Габри, па тие двајца во наредните денови ќе тренираат со умерен интензитет. Од Баерн наведуваат дека Мартинез има проблеми со мускул на ногата, а Габри со коленото.