Top Sport

Гол на Јаховиќ во Истанбул, само почесен за Малатија

Македонскиот фудбалски интернационалец Адис Јаховиќ продолжува да ги тресе мрежите во турската прва лига. Тој го постигна единствениот гол за Малатијаспор на гостувањето во Истанбул кај Башахшехир (4-1).

Фаворитот стигна до планираната победа и тоа на убедлив начин, на Јаховиќ само го ублажи поразот на својот тим. Тој во 64 минута, со одмерен лоб удар ја смести топката зад грбот на противничкиот голман.

Нашиот фудбалер денеска го постигна 11-тиот гол во првенството со што изби на четвртото место на табелата.

Пред него се Сорлот од Трабзон со 12 гола и Сисе од Аланијаспор со 13 гола.

Scroll to Top