Top Sport

Хамилтон: Се замислувам како уметник кој прави ремек дело, моето не е завршено!

Формула 1 пилотот, Луис Хамилтон го осигура шестиот триумф во најбрзиот циркус и стигна на чекор до остварувањето на Михаел Шумахер.

Кога Шуми во 2002 година ја освои својата петта (од вкупно 7) Ф1 титули сигурно многумина сметаа дека тој рекорд ќе трае долги години. Оној рекорд пред него, на Хуан Мануел Фанџо (освоил 5 титули) траеше скоро 50 години.
Хамилтон дојде на чекор до изедначување на рекордот на Шумахер.

„Мене навитина ми е надвор од памет дека успеав да дојдам до шеста титула. Не знам ни како би требало сега да се чувствувам. Ова е спортот кој го гледав како дете на телевизија, а сега јас сум тој кого го споменуваат во контекст со Аиртон Сена и Михаел Шумахер. Чудесно“ – вели Бртанецот Луис Хамилтон.

Контекстот за кој зборува Ф1 шампионот е – кој е најдобриот возач во историјата на Формула 1? Тоа е вечна тема, секој има свој фаворит.

„Повторувам веќе долго време дека достигнувањето на рекордите на Михаел не е моја цел, не размислувам за нив“ – смета пилотот на Мерцедес,

Неговиот договор со Ф1 тимот кој има 6 титули во низа во конкуренција на конструктори истекува на крајот на идната година кога Британецот ќе има 35 години.

„Не ми се допаѓа идејата за завршување на кариерата. Малку ме плаши помислата дека ќе морам да престанам да го правам она што сум го сакал цел живот. Не знам дали го достигнав максимумо, но и ако не сум, тогаш сум многу блиску. Верувам дека има простор за напредок. Сакам мојот пат во Ф1 да го замислувам како да сум уметник кој го ствара своето ремек дело. Чувствувам дека моето се уште не е довршено, дека му недостасуваат делчиња“ вели Луис Хамилтон.

Scroll to Top