Top Sport

Наполи го договори Иличиќ, ама трансферот зависи од еден натпревар

Наполи ги договори условите со играчот од средниот ред, Словенецот Јосип Иличиќ (31) кој од лето би требало да стане дел од клубот од Неапол, пренесува „Скај спорт“.

Клубот од југот на Италија на одличниот Иличиќ му нуди годишна плата од 2,2 милиони евра, а на Аталанта ќе и припадната 12 милиони евра за отштета.

Сепак, се чини официјализирањето на трансферот зависи од еден натпревар, оној на Аталанта во Бергамо против Сасуоло во последното коло од Серија А. Доколку Аталанта забележи победа, наредната година ќе игра во Лигата на шампиони, бе оглед на останатите натпревари.

Доколку Аталанта идната сезона се натпреварува во ЛШ, сигурно дека би сакала да го задржи Словенецот кој на 35 меча сезонава постигна 13 гола, а асистираше 9 гола.

Scroll to Top