Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер успешно го мина првото коло на гренд-слем турнирот во Лондон, Вимблдон откако предмалку со 3-1 во сетови (3-6 6-1 6-2 6-2) славеше победа над Лојд Џорџ Харис од Јужноафриканската Република.
Швајцарецот за помалку од два часа игра го совлада противнникот иака воведниот сет не навестуваше лесен пат кон триумфот.
Харис во шестиот гем од првиот сет успеа да направи брејк, по што стигна до водство од 1-0 откако со 6-3 го зема првиот период од мечот.
Се чини дека тоа „го разлути“ искусниот тенисер, па Федерер до крајот на мечот направи комплетен пресврт и на противникот му дозволи да освои само пет гема.