Славниот 35-годишен холански фудбалер, Весли Снајдер денеска најави дека ја завршува играчката кариера.
Снајдер за Холандија одигра рекордни 134 меча, а за „лалињата“ постигна 31 гол. Најголемите успеси со репрезентацијата му е Светското првенство во Јужна Африка кога Холандија ја предводеше со финалето, каде подоцна загубија од Шпанија.
Wesley Sneijder retires from football having left a tremendous legacy with @OnsOranje ??
?? Most-capped player ever
⚽️ Six #WorldCup goals
? South Africa 2010
? Brazil 2014 pic.twitter.com/pSrqlDcnso— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) August 12, 2019
?? Eredivisie
?? KNVB Cup x 2
?? La Liga
?? Serie A
?? Coppa Italia x 2
? Champions League
? Club World Cup
?? Super Lig x 2
?? Turkish Cup x 3
? World Cup runner-up
? World Cup third place
? Most Assists at Euro 2008? Happy retirement, Wesley Sneijder. pic.twitter.com/PvHUMMZQhK
— bet365 (@bet365) August 12, 2019
Во дресот на италијански Интер, Снајдер во 2010 година ја освои Лигата на шампиони, а освен за „нероазурите“ во кариерата настапуваше и за Ајакс, Реал Мадрид, Галатасарај, Ница и катарски Ал-Гарафа.
За Интер одигра 116 меча, постигна 22 гола и имаше 25 асистенции. Пред 9 години, според многумина Златната топка требаше да отиде во рацете на Холанѓанецот, но остана без неа.
При простувањето со дресот на Холандија, организаторот на мечот постави „дневна соба“ на тревникот, а Весли заедно со сопругата и синовите ги гледаше на телевизор пораките од екс-соиграчите.