Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ стигна како големо засилување за Милан во зимскиот преоден рок. Сега во Милан вледее раскол, а последните денови е актуелно заминувањето на директорите Звонимир Бобан и Паоло Малдини на инсистирање на еден од сопствениците на клубот – Иван Газидис.
Тој зад нивниот грб се обиде да договори доаѓање на нов тренер – Ралф Рангник кој би го заменил актуелниот Стефано Пиоли.
Бројни италијански медиуми пишуваат дека Бобан уште сега ќе си оди, а за судбината на Малдини на „Сан Сиро“ ќе се одлучува на крајот на сезоната. Токму тие двајца беа најзаслужните за доаѓањето на Ибрахимовиќ во клубот, па Швеѓанецот имаше 5-секундна порака на социјалните мрежи:
„Прави го тоа страстно, или воопшто не го прави“ – гласи пораката по која Ибра намигнува.
Do it with passion or not at all pic.twitter.com/OFuQFfBXwU
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) March 5, 2020
Многумина тоа го протолкуваа како предупредување од фудбалерот до Газидис, а од друга страна како поддршка за Бобан и Малдини. Доколку тие двајцата заминат од клубот, веројатно ќе си оди и шведскиот ас.
Договорот на Ибрахимовиќ со „Росонерите“ е до крајот на сезонава со можност да се продолжи уште една година.