Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ со својата помалку шеговита изјава во врска со евентуална средба на неговата селекција со САД на Мундобаскетот во Кина „крена прашина“ во Америка.
„Да ги оставиме Американците да ја играат својата кошарка, ние нашата, а ако се сретнеме, нека им е Бог напомош“ – рече Ѓорѓевиќ.
Неговата изјава доби големо внимание, па ја пренесоа и американските медиуми, па тие по една посета на тренинг на кошаркарската селекција побараа мислење за ова и од селекторот, Грег Попович.
„Тоа ќе мора да го прашате Сале. Стварно не обрнувам внимание на тоа. Си ја работам својата работа, а Саша е одличен тренер. Тој е голем натпреварувач, беше херој во Европа како кошаркар. Беше фантастичен и имаат идлична програма која години наназад носи многу успеси“ – изјави Грег Попович.
Тој моментно е окупиран со постојаните откази на играчите, па мака мачи да „скрпи“ тим за на Мундобаскетот во Кина.
Ѓорѓевиќ: Ако се сретнеме со Американците, Бог нека им е напомош!