Официјално најдобриот кошаркар во НБА лигата, Јанис Адетокумбо изјави дека „Леброн Џејмс е вонземјанин“ и дека му дава инспирација од година во година.
„Кралот“ Џејмс за неколку дена ќе наполни 35 години, но тоа не го спречува да прикажува одлични игри сезонава и да биде предводник на „езерџиите“ во поход кон нова титула.
„Лудо е. Една од моите цели е во наредните 10 години да играм на врвно ниво. Тој игра толку паметно. Ненормално е некој тоа да го прави, така да се движи. Но тоа е Леброн Џејмс, тој е поинаков, тој е вонземјанин. Очекувајте го тоа од него“ – изјави Адетокумбо.
Токму вечерва е дуелот меѓу моментно двете најдобри екипи во НБА сезонава, во 2 часот по средноевропско време во Висконсин.
Инаку Леброн ја игра својата 17. сезона, а Лејкерси и Бакси се на врвот, имаат скор од 24 победи и 4 порази.