Top Sport

Јоаким Лев заврши во болница поради „спортска несреќа“

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев нема да ги води „Панцирите“ на квалификациските натпревари за ЕУРО 2020 во јуни затоа што заврши во болница, објавија денеска од Германскиот фудбалски сојуз.

Според пишувањата на германските медиуми, Лев доживеал „спортска несреќа“ и примен е во болница на лечење, но барем засега, многу добро се опоравува. Сепак вистинската причина поради која е во болница се проблеми со срцето и крвотокот.

„Се чувствувам добро, но лекарите ми препорачаа неколкудневно мирување. Во постојан контакт сум со членовите на стручниот штаб“ – изјави Лев.

Фудбалскиот сојуз потврди дека замена за Лев на квлаификациските мечеви од групата Ц против Белорусија на 8 и против Естонија на 11 јуни ќе му бидат неговиот помошник, Маркус Сорг и и тренерот на голманите, Андреас Кепке.

Scroll to Top