Top Sport

Јокиќ со „турбо-фолк“ журки се загрева за Мундијалот во Кина (видео)

Напорните тренинзи на професионалната кошарка, пред се на нивото кое се третира во НБА лигата бараат време за опуштање. Токму тоа го прави српскиот кошаркарски центар Никола Јокиќ кој имаше зад себе одлична сезона во тимот на Денвер Нагетс.

Момчето од Сомбор со маестралните партии го привлече вниманието на светската јавност, а српската јавност ужива да го гледа како тој со друштвото се забавува на „турбо-фолк“ журка во татковината.

На социјалните мрежи се појави снимка на која Јокиќ опуштен и расположен, без горна облека на себе пее и се забавува.
Јокиќ се уште не и се приклучил на селекцијата на Србија на подготовките за Мундобаскетот што точно за еден месец ќе започне во Кина.

Центарот доби слободни неколку дена повеќе од останатите затоа што имаше напорна сезона во НБА.

Scroll to Top