Top Sport

Како дете се бришел со пешкирот на Милан, сега го облече дресот на Росонерите (фото)

Речиси секое дете при одење на базен носи со себе пешкир на својот омилен фудбалски, кошаркарки, ракометен клуб, а полскиот фудбалски интернационалец Кшиштоф Пјатек уште на 11 години знаел за кој клуб да навива.

Се појави фотографија на која малиот фудбалски талент е со пешкир на Милан, клубот кој по 12 години од кога е направена фотката ќе го купи играчот за високи 35 милиони евра.

Младиот Полјак мирисот на италијанскиот фудбал го почувствува во Џенова, каде за вкупно 21 меч за клубот постигна неверјатни 19 гола, што беше знак менаџерите на Милан да се активираат и да ја ангажираат новата „19-ка“ на клубот.

Дефинитивно соништата на фудбалерот му се оствариле.

Погледнете:

Scroll to Top