Мадридски Реал благодарение на двата гола на Касемиро успеа да слави значаен триум против Севилја (2-1) со што се искачи на првото на Ла Лига.
Иако посетителите на „Сантијаго Бернабеу“ 57 минути гледаа фудбал без голови, за само 12 минути дури трипати се тресеа мрежите.
Најпрво Касемиро погоди за 1-0 во 57 минута, а Севилја возврати преку Лук де Јонг во 64 минута.
По само 5 минути повторно Касемиро донесе предност за Кралскиот клуб која избраниците на Зинедин Зидан не ја испуштија до крајот.
Со новата победа, Реал има 43 бода, три повеќе од Барселона која утре на својот стадион ја пречекува екипата на Гранада.