Ракометниот клуб Металург на 3 дена пред реванш-мечот од третото коло во ЕХФ Купот остана без кормилар. Зоран Кастратовиќ поднесе оставка во клубот од Автокоманда по само четириесетина дена на чело на екипата. Тој одлуката денеска им ја соопштил на челниците на клубот.
За утре Металург најави прес-конференција на која се очекува да се обелодени дали оставката на Кастратовиќ ќе биде прифатена.
Кулоарските муабети се дека потегот на Кастратовиќ е поради недоразбирањата кои ги имал со дел од ракометарите на Металург.
Инаку Кастратовиќ е вториот тренер кој си поднесува оставка во клубот од почетокот на сезоната. Претходно Дамир Стојановиќ, кој само еден месец беше кормилар на „Металурзите“ реши да ја напушти Автокоманда.
Фото: РК Металург