Австралискиот тенисер, Ник Кирјос обожува да фрла „отровни стрели“ на сметка на Новак Ѓоковиќ. Контроверзниот тенисер беше меѓу првите кои го прозваа Србинот кога тргна приказната за коронавирусот проширен на „Адрија тур“.
Сега на тапет се најде и тренерот на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ. Иако се гледа дека сакал да се пошегува, сепак се чини дека Кирјос повторно ги премина границите.
„Организираа турнир, лидерите водат 2:0 во гемови“ напиша Кирјос на Инстаграм алудирајќи што и двајцата се позитивни на вирусот.