Елиуд Кипчоге ја загуби титулата од маратонот во Лондон на драматичен начин, откако не успеа да го заддржи темпото во финишот на трката, кога аутсајдерот од Етиопија, Шура Китата во спринтерски финиш стигна до триумфот.
35-годишниот Кипчоге, кој има четири остварени победи во Лондон во последните шест години, беше апсолутен фаворит за победа, откако неговиот главен ривал, Кенениса Бекеле се повлече поради повреда. Меѓутоа, Кениецот изгледаше неудобно во последните километри од трката, и Китата ја предводеше групата од девет тркачи кои го „фатија“ Кипчоге.
24-годишниот Китата на крајот во финишот го совлада Кениецот Винсент Кипчумба за да победи со време од 2:05:41, додека трет беше уште еден Етиопјанец Сисај Лема.
Во женската трка, светската рекордерка и актуелна шампионка, Бригид Косгеи стигна до убедлива победа со време од 2:18:58, победувајќи ја за дури три минути, Американката Сара Хол.
AMAZING three-way sprint finish at #LondonMarathon with Shura Kitata beating Vincent Kipchumba and Sisay Lemma. Wow. #Londonmarathon2020 pic.twitter.com/RnsQb3QO7X
— Brendan Bradford (@1bbradfo) October 4, 2020