„Во добра форма сум“ рече фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос за емисијата „Лајт најт Берлин“ на каналот „Про Зибен“ и додаде дека е во постојан контакт со лекарите на Кралскиот клуб.
Секој играч има посебен план за вежбање и исхрана, за максимално да ја одржи формата во случај на изолација.
„Не ми е досадно, можете да замислите како е со три деца. Со деца во куќа никогаш не е досадно. Без оглед на тоа како гледате, најбитно е да сме сите во ред“ рече Крос.
Тој потоа и се пошегува.
„Пробувам неколку различни фризури, но тоа го правам само за својата сопруга. Во куќата имам доволно тоалетна хартија“ – рече Германецот и додаде дека поради децата, секој ден јадат тестенини.
Репрезентативецот на „панцирите“ се осврна и на одложувањето на ЕУРО 2020 за една година подоцна.
„Кога ќе се игра турнирот сега е најмалата грижа. Засега е најбитно да се ослободиме од невидливиот непријател и да ги вратиме нашите животи во нормала“ – смета Крос.