Top Sport

Кутињо: Бев лош сезонава, ќе работам напорно за да бидам подобар!

Бразилскиот фудбалер, Филипе Кутињо изјави дека е разочаран од своите игри во дресот на Барселона изминатата сезона и најави дека ќе работи напорно за да биде подобар и да ги оправда очекувањата.

Барса за него на Ливерпул му плати 160 милиони евра, а Бразилецот често беше мета на критики од јавноста, додека публиката на „Камп Ноу“ често го испраќаше со свирежи.

„Немав добра сезона. Моите настапи беа лоши, под она што очекував. Единствен начин да се поправам и да стекнам самодоверба е напорна работа и тоа е она што ќе го направам“ рекол Кутињо за шпанска „Марка“.

Медиумите шпекулираа дека Бразилецот е на излезната врата во Барселона и дека ќе премине во редовите на ПСЖ. Како опција се споменуваше негов трансфер и во Манчестер Јунајтед, а многумина го гледаа и како нов играч на лондонски Челси.

Scroll to Top