Top Sport

Кутињо се враќа во Премиерлига, на мета е на клубовите од Манчестер!?

Бразилецот Фелипе Кутињо не го игра својот најдобар фудбал, а се чини дека таквата ситуација е актуелна уште од неговото напуштање на Ливерпул, во 2018 година.

Одигра топло-ладно во сезоната за Барселона, по што сезонава е на позајмица во минхенски Баерн. Сепак, се чини дека Баерн нема да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.

Во мај Кутињо се враќа на „Ноу Камп“, но прашање е дали Барселона ќе го остави во својот состав.

Медиумите на Островот пишуваат дека ситуацијата будно ја следат клубовите од Манчестер, Јунајтед и Сити кои се заинтересирани да влезат во преговори за Бразилецот.

Барса не може да се надева дека ќе ја врати инвестицијата од 140 милиони евра колку му плати на Ливерпул пред две години, но се шпекулира со сума од околу 70 милиони евра.

Scroll to Top