Top Sport

Пандев е џокерот на Џенова, ја држи во живот од испаѓање (видео)

Спасител на калчолигашот Џенова повторно е капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев.

Благодарение на неговиот погодок во 43 минута, Џенова го совлада Калјари со 1-0 и освои 3 важни бода во борбата за опстанок во Серија А.

Пандев мечот го почна на клупата за резерви, но по повредата на Паоло Гиљоне, нашиот интернацоналец влезе во игра во 39. минута. Само четири минути подоцна упати центаршут кон противничкиот гол, но таа топка никој не ја погоди, па заврши зад грбот на голманот Крањо.

Иако во продолжението на мечот Калјари имаше свои шанси, сепак резултатот остана непроменет.

Големо изненадување попладнево во Неапол. Лече како гостин славеше победа со 3-2 против Наполи. Кај екипата на Џенаро Гатузо не настапи нашиот Елиф Елмас кој паузираше поради жолти картони.

Во победата на Лече најдобар беше Џанлука Лападула кој постигна два погодоци, додека одличен од слободен удар беше Макосу.

Двата гола за домашната екипа беа дело на Милик и Калјехон.

Во попладневната програма во Серија А се одигра и дуелот меѓу Бреша и Удинезе, заврши нерешено 1-1.
Бреша поведе во 81. минута, а во последните секунди од мечот бод за гостите од Удине спаси Де Пол.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски влезе кај Удинезе како замена, во 72 минута.

Scroll to Top