Италијанскиот фудбалер Фабио Кваљарела, капитен на калчолигашот Сампдорија не размислува за пензија иако веќе има 36 години. Кваљарела го продолжи договорот со клубот до 2021 година.
Иако сезонава не е на нивото како минатата сезона кога постигна 26 гола, сепак се уште се чувствува како да ја игра втората фудбалска младост.
Во првите 14 кола постигна 3 гола, а минатото коло кога Самп против Калјари на Сицилија несреќно загуби по водство од 3-1, постигна два гола.
#Quagliarella e la #Sampdoria insieme fino al 2021 https://t.co/GEKN0mcdPC
— CalcioWeb (@CalcioWeb) December 7, 2019