Top Sport

Лекиќ и Србија ја „растурија“ Данска за прво место во А групата (видео)

Србинките со фантастична игра стигнаа до голема 30:25 победа над Данска, со што го обезбедија првото место во групата А на Европското првенство во ракомет во Франција.

Србија имаше предност од почетокот до крајот на мечот, а најдобра на теренот беше поранешната вардарка, Андреа Лекиќ, која имаше осум постигнати голови за најголемата победа досега на селекцијата на Љубомир Обрадовиќ. Србија, Шведска и Данска одат во втората фаза од оваа група.

Финишираа и натпреварите во групата Б, откако домаќинот Франција со 25:20 ја победи Црна Гора за втора победа на шампионатот. Русија, Франција и Црна Гора одат понатаму, додека Словенките се во „аут“.

ГРУПА А

Шведска – Полска 23:22 (10:5)

Данска – Србија 25:30 (13:17)

Табела: 1.Србија 4, 2.Шведска 4, 3.Данска 4, 4.Полска 0

ГРУПА Б

Русија – Словенија 27:29 (13:13)

Франција – Црна Гора 25:20 (16:8)

Табела: 1.Русија 4, 2.Франција 4, 3.Црна Гора 2, 4.Словенија 2

Scroll to Top