Top Sport

Лестер го симна Јунајтед од „тронот“ – ова се 10. најголеми победи во Премиерлига

Лестер синоќа го запрепасти фудбалскиот свет со сензационалната победа од 9-0 на гостувањето кај Саутемптон.

Тоа е дури третиот натпревар во историјата на Премиерлигата во кој една екипа постигнува 9 гола, а втор меч во кој победничката екипа не примила гол.

Сепак заслугите на Лестер се затоа што стана првата екипа која 9 гола постигнала на гостински терен.

Ова се 10-те најголеми поведи во историјата на Премиерлигата, тука вклучувајќи ја и победата на „лисиците“ на стадионот „Сент Мерис“:

АРСЕНАЛ – ЕВЕРТОН 7-0
Во последниот домашен меч во сезоната 2004/05 Арсенал му даде 7 парчиња на Евертон, кој притоа сезоната ја заврши на четвртата позиција на табелата. Пред почетокот на таа сезона Евертон го продаде Вејн Руни во Јунајтед. Роберт Пирес беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Ван Перси, Виеира, Еду, Беркамп и Фламини.

НОТИНГЕМ ФОРЕСТ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 1-8
До синоќа, ова беше најуверливата гостинска победа во Премиерлигата, а „црвените ѓаволи“ ја остварија во сезоната 1998/99 кога ја освоија тројната круна во Англија. На полувремето на тој меч беше само 2-1 за Јунајтед, на 10 минути пред крајот 4-1, а актуелниот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер кој на тој меч влезе во игра во 72 минута, сам постигна 4 гола.

МИДЛСБОРО – МАНЧЕСТЕР СИТИ 8-1
Пред да го купар шеиците, Манчестер Сити доживуваше вакви дебакли. Овој е забележан во сезоната 2008/08. На тој меч Афонсо Алвез постигна хет-трик.

ЧЕЛСИ – ВИГАН 8-0
На Челси во последното коло од сезоната во 2010 година му требаше победа за да ја освои титулата, па „сините“ на убедлив начин дојдоа до неа. Со хет-трик се истакна Дрогба, а Челси стана првиот клуб во ПЛ кој во една сезона дури четирипати постигнал 7 или повеќе голови. Таа сезона „сините“ станаа првиот клуб кој ја пробил границата од 100 гола во сезона – постигнаа 103.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – ВОТФОРД 8-0
Пред еден месец Давид Силва ги начна гостите по само 52 секунди игра, а за само 18 минути, веќе беше 5-0 за актуелниот шампион. Бернардо Силва постигна хет-трик.

ЧЕЛСИ – АСТОН ВИЛА 8-0
Ова можеше да биде најуверливата победа во историјата, но Пиазон во 89 минута промаши пенал за 9-0. Тоа се случуваше во 2012 година, додека на клупата на „сините“ беше Рафа Бенитез.

ЊУКАСЛ – ШЕФИЛД ВЕНДСДЕЈ 8-0
По оставката на Руд Гулит во 1999 година, Боби Робсон седна на клупата на Њукасл и им ја донесе најуверливата победа во клупската историја. Алан Ширер постигна 5 гола, од кои два од пенал. Њукасл сезоната ја заврши на 11 позиција.

ТОТЕНХЕМ – ВИГАН 9-1
Виган во сезоната 2010/2011 немаше баш многу мотиви за славје. Откако загуби со Челси 8-0, следуваше и пораз од Тотенхем од 9-1. Џермејн Дефо беше петкратен стрелец за „спарси“.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – ИПСВИЧ 9-0
Првиот натпревар на кој една екипа во историјата на ПЛ дала 9 гола беше одигран на „Олд Трафорд“ во 1995 година. Енди Кол постигна 5 гола за „ѓаволите“. Ипсвич таа сезона испадна од елитното друштво, но за утеха во домашниот дуел со Јунајтед славеше победа со 3-2.

Scroll to Top